ТРАДИЦИОНАЛЕН ВЕЛОСИПЕДСКИ КРОС

Секоја година Еколошкото друштво „Вила Зора“ Велес организира велосипедски крос за ученици од основните училишта од Велес. Овој велосипедски крос се организира со цел да се подигне свеста за редовно безбедно возење велосипед.

На ден 21.5.2022 година (сабота), Ученици од V и VII одделение (30 ученици) од нашето училиште „Блаже Конески“ учествуваа на овој велосипедски крос кој се одржа под мотото „Возењето е брзо и здраво“  во Градскиот парк.

Велосипедскиот крос започна во 11 часот. На сите учесници им беа  поделени маички и капи. Учесниците со своите велосипеди извозија неколку круга низ  Градскиот парк а потоа им беа да дадени сендвич, вода и сок.

Учениците беа задоволни од велосипедскиот крос и испратија порака до велешани за што повеќе користење на велосипедот како еколошко превозно средство.