Во организација на Германско-австрискиот културно-едукативен центар Willkommen од Краљево, Република Србија, се одржа и вториот круг или полуфинале од онлајн натпреварот по Англиски јазик на кој учество земаат учесници од Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Виетнам, Камбоџа и Македонија.
Во категоријата ученици осмо одделение на ниво на Република Македонија, на 08.05.2022г се натпреваруваа 2 ученика под менторство на наставничката по англиски јазик Даниела Димовска, Димитар Бабунски од 8-2 одд. кој го освои 14-то место и Славен Бојаџиев од 8-1 одд. кој го освои првото место и со тоа си обезбеди пласман во финале кое треба да се одржи во месец Октомври. Честитки за Димитар и Славен и многу успех на финале !!!