По повод Недела на Европска мобилност (16-22 септември) на часот по природни науки се водеше дискусија со учениците за влијанието на штетните појави на Озонската обвивка. Се употреби и обидот од видеото како доказ со 32 ученици – IV- 4 одд. со наставник ментор – Светлана Бобевска. На учениците им беше посочено, истиот обид да го испробаат и во домашни услови. На часот по природни науки се разговараше за Земјините сфери, посебно се нагласи за Атмосферата, штетните влијанија врз атмосферата и како можеме да се заштитиме ние и Атмосферата. Учениците ја нацртаа планетата Земја по своја замисла како изгледа кога е оштетена и каква е кога е здрава Озонската обвивка. Го сфатија значењето на Озонската обвивка за здрава животна средина.
>