Уште еднаш се потврди високата еколошка свест на учениците и вработените во ООУ„Блаже Конески“, кое оваа година е меѓу првите три училишта во Македонија во собирање на пластичен отпад.
Акцијата беше спроведена од НЛБ Банка во рамките на „НЛБ Месецот на штедење“ која оваа година го одбележа под мотото „Да ја сочуваме нашата планета“.
Целта е постигната. Се докажа дека децата се доволно едуцирани во однос на штедење на природата и зачувување на природните ресурси на Земјата.
Нашите ученици во периодот од 27 септември до 25 октомври собраа 584 кг. пластичен отпад и со тоа го освоија високото трето место во конкуренција од 70 училишта , а со тоа е добиена и третата награда која изнесува 1000 евра.
“Честитки и благодарност до сите ученици, вработени и родители кои беа дел од оваа акција, за тимот кој успешно ја спроведе како и за организаторот НЛБ Банка. Ваквите постигнувања да бидат дел од нашето секојдневие, затоа што ние САКАМЕ, МОЖЕМЕ, УСПЕВАМЕ” – истакна директорот Јованче Манасков.
>