Едукација, евакуација и презентација за вработените и учениците од нашето училиште во случај на пожар

Денес, (8.11.2021 год.) во нашето Училиште се одржа едукација, евакуација и показна вежба за вработените и учениците во училиштето. За вработените се одржа обука за управување со ППА (против пожарни апарати). Обуката ја реализираше командирот на Територијалната Противпожарна единица во Велес Љупчо Липидовски. За учениците се организираше симулација на евакуација и показна вежба за гаснење пожар. При вежбата за гаснење на пожар учество земаа и наставниците и дел од учениците под контрола на вработените од Територијална Противпожарна единица во Велес.

Учениците со внимание ја следеа вежбата и покажаа интерес и љубопитност за истата.

>