ООУ „Блаже Конески“ – Велес Ве известува дека денес, 1.11.2021 година (понеделник) во просториите на нашето училиште медицински лица од Центарот за јавно здравје Велес извршија скрининг тестирање на ученици од вирусот Ковид-19. Тестирани беа 43 ученици од I до IX одделение, избрани по случаен избор, по претходно добиена Согласност од нивните родители/старатели. На наше огромно задоволство Ве информираме дека сите 43 ученици се негативни на вирусот Ковид-19. Грижата за здравјето на нашите ученици ќе продолжи да биде наш главен приоритет, како и досега, со почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 се грижиме воспитно-образовниот процес на нашите ученици да продолжи да се реализира во училиштето како незаменлива и природна средина за усвојување на нови знаење, вештини и способности на сите ученици.
Со почит,
Директор
Јованче Манасков
>