Нашето училиште ООУ,, Блаже Конески’’ беше дел од традиционалниот градски хепенинг по повод празникот 9 мај, Ден на Победата. Настанот се одржа во Младинскиот парк, каде основните училишта претставуваа одредена држава од Европската Унија. Оваа годинa ООУ,, Блаже Конески’’ ја претставуваше Романија .
Учениците од осмо одделение под менторство на одговорните наставници ја презентирааа државата, членка на ЕУ, Романија , пред Градоначалникот, претставници од Општина, останати училишта како и пред голем број граѓани на Велес.
Штандот на ООУ,, Блаже Конески’’ го привлече вниманието со автентичните материјали : сувенири, народни носии, литература, садови, алатки и др., кои училиштето ги доби директно од Букурешт, Романија, во знак на пријателство од посетата на делегацијата од Școală gimnazială nr. 150 Sector 5. Секако, учениците кои на поситетелите им доделуваа репрезентативен материјал (флаери со факти и фотографии) беа подготвени да одговорат на сите поставени прашања во врска со Романија.
>