Општинското основно училиште „Блаже Конески“ – Велес, Ве информира дека запишувањето на деца во I (прво) одделение ќе биде во месец мај 2021 година односно од 4 до 31 мај секој работен ден од 8 до 17 часот.
Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската година (2021) ќе наполнат шест години. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполни шест години до 31 јануари наредната година односно 2022 година, по претходно Барање од родителот/старателот и добиено Мислење од педагогот или психологот во Училиштето.
Пријавуањето на деца за упис во прво одделение ќе биде електронски на https://uslugi.gov.mk/
За да се најавите на uslugi.gov.mk и ја пополните електронската пријава го користите Вашиот профил за најава на УЈП. Услугата ќе биде достапна од 1.5.2021 година.
По поднесувањето на електронската пријава, Училишната комисија ќе Ве контактира и ќе Ве извести за термин за опсервација која ќе биде со физичко присуство во Училиштето.
На денот на опсервацијата треба да ги донесете следните документи:
- Копија од извод на матична книга на родените;
- Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда од извршен офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
- Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Блаже Конески“.
*ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА
- Се информираат родителите кои според местото на живеење, не припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“, а имаат потреба да го запишат детето во Училиштето, задолжително треба да достават Согласност од училиштето во чиј реон припаѓаат и Барање на согласност за упис во ООУ „Блаже Конески“.
- Сите деца кои припаѓаат под реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на домашна адреса ќе добијат покана со закажан термин за опсервација, на кој треба строго да се придржуваат.
- Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Блаже Конески“ – Велес:
„Стеван Бобевски“; „Киро Ќучук“; „Тодор Јанев“; „Никола Вапцаров“; „Бане Андреев – Ронката“; „8ма Велешка Бригада“; „Лазо Осмаков“; „“Пајак Планина“; „Мирка Гинева“; „Костурска“; „Андреја Дамјанов“ (Костурска 2); „Лазо Трпковски“; „Сараевска“; „Андон Шулев“; „Костадин Бодин“; „Љубљанска“; „Ризо Ризов“; „Даре Џамбаз“; „Рилски Конгрес“ (Игманска); „Орце Мартинов“; „Самоборска“; „Петре Алчев“; „Васил Ѓоргов“; „Милан Страчков“; „Тодор Ацев“; „Илија Климкаров“; „Алексо Демниевски-Бауман“ парни броеви од 2-16 и непарни броеви од 1-39; „Димче Мирчев“; „Солунска“; „Гаврило Радомир“ (Титова Кореничка); „Коле Дрнков“; „Страшо Пинџур“; „Гоце Делчев“; „Благој Нечев“; „Никола Оровчанец“; „Кукушка“; „Скопска“; „Трајко Панов“; „Благој Абрашев“; „8ми Септември“ (Маршал Тито) непарни броеви од 1- 55 и парни броеви од 2 до 36 и „Благој Ѓорев“ непарни од 1-99 и парни од 2-34 .
Запишувањето на деца во прво одделение ќе го спроведе трочлена Комисија именувана од директорот на Училиштето во состав: Милица Ристовска Темелковска, Марија Јорданов и Весна Сугарева.
Директор
________________
Јованче Манасков
>