Во ООУ,,Блаже Конески“- Велес, учениците го обележаа 22 Април – Денот на планетата Земја. Во соработка со Друштвото за управување со отпад ,,Нула отпад“ ДОО – Скопје, се реализираше едукација за управување со електронски отпад и батерии преку следење на видео прилагодено на возрасните и развојните особености на децата од прво до трето одделение. Во рамките на воспитно образовната работа беше реализирана и едукативната боенка.
Паралелно со едукацијата се организираше акција за собирање на отпадни батерии од домовите на дечињата. Сите стари и истрошени батерии од нивните играчки и уреди од домот од денес ќе ги собираат во специјани садови кои ги добија по повод овој значаен ден. Целта е учениците од најмала возраст да се научат како треба да се справиме со отпадот кој е токсичен и штетен за нашата планета Земја.
Акцијата за собирање, селектирање на отпадни батерии продолжува секојдневно .
>