Одбележување на 17 март-Денот на крводарителството

Одбележување на 17 март-Денот на крводарителството и доделување на награди, признанија и благодарници.

На овој ден нашето училиште се закити со благодарница за најуспешно училиште за изведена крводарителска акција, а од учениците кои учествуваа на литературниот конкурс во категорија од второ до петто одд.  Втора награда освои Дајана Aнѓеловска од IV-5 одд. со ментори Светлана Бобевска и Донка Павлова и во категорија одVI –IX одд. Трета награда освои ученичката ВероникаГијовска од IX одд.со ментор Иванка Славковска. Сите лични творби се објавени во стихозбирката што ја добија учениците. Голема благодарност и до организаторите на манифестацијата.>