34-тата генерација на војници, кои доброволно го отслужуваат воениот рок воАрмијата на РепубликаМакедонија, даде свечена заклетва на 9 март 2018 година, во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“.
45 војници, меѓу нив и две девојки,наредните три месеци ќе бидат дел од обуката која ќе се одвива во Центарот за индивуидуална обука кој е дел од Командата за обука и доктрини.
Сопосебначест и задоволство, на овој чин присуствуваа и ученици од ООУ „БлажеКонески“ Велес, заедно со предметниот нставник по историја, Павле Цилаков.
Учениците се уверија дека давањето заклетва е личен чин, но и чест и задоволство за овие млади луѓе, кои чесно и во строј прифатиле да и служат на својата татковина во Армијата на Република Македонија и притоа да го бранат нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.>