Манифестација „Ние, децата“

На 17.12.2019 г., вторник, со почеток во 18:30 часот, во салата „Бели Мугри“ се одржа манифестацијата „ Ние, децата“ со која училиштето „Блаже Конески“ ги заокружи своите активности за одбележување на Денот на училиштето. Во манифестацијата беа вклучени учениците од II, III, IV, VI, VII и VIII одделение. Според програмите на секциите, програмите за додатна настава и со договор меѓу одговорните наставници по генерации беше направен избор на текстови и нивна адаптација за настап. Манифестацијата опфати хорски настап, драматизација „Дајте музика“ со ритмички настап, адаптација на авторскиот текст „Најубавите зборови“ во рецитал, адаптација на народната приказна „Силјан Штркот“ и завршен дел – Драматизација од училишниот живот. Подготовките се одвиваа во просториите на нашето училиште и во салата „Бели Мугри“ во време одредено од страна на наставниците во договор со учениците. За настапот беше адаптирана и тематски соодветна сценографија. Целиот настап беше поткрепен со звучни и светлосни ефекти и професионално снимен.

       >