Во рамките на активностите по повод Денот на училиштето, нашето училиште „Блаже Конески“ беше домаќин на промовирање на книгата „Мартин Крпан – дипломат и воин“, на авторот проф. д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија. Промоција на книгата „Мартин Крпан – Дипломат и воин“, на авторот проф.д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.Марко Инѓилизов од Драмското студио „Словото“ ја преставуваше книгата пред присутните, а Гоце Анакиевски, доктор на науки по безбедност, додаде дека додека ја читал книгата се вратил на возраста на која сега е Марко. Драмското студио „Словото“ изведоа перформанс работен по поезијата од книгата „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ исто така напишана од проф. д-р Милан Јазбец.Велејќи дека не е прв пат во Велес и особено заблагодарувајќи им се на велешани за добиеното Почесно Рациново признание за 2019 година, проф. д-р Милан Јазбец, на промоцијата соопшти дека се чувствува почестено кога слуша дека токму неговата книга е креативна инспирација за млади луѓе.Почестени сме што имавме можност да бидеме домаќини и да се дружиме со творештвото на еден гениј како што е амбасадорот Јазбец.
>