На 18.12.2018 година, по повод одбележување на Денот на училиштето, по дванaесетти пат успешно се реализираше традиционалната акција за дарување на крв – драгоцената течност која живот значи!
Тимот наставници (Биљана Митева, Марга Конукова, Јадранка Клифова, Весна Мешкова и Ристо Трајковски), во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Заводот за трансфузиологија и оваа дванаесетта по ред акција успешно ја реализираше во просториите на нашето училиште. Со тоа уште еднаш ја покажавме нашата спремност да им помогнеме на оние на кои им е потребна драгоцената течност.
За дарување на крв се пријавија 48 родители, вработени од нашето училиште како и граѓани од нашиот град.
Крв даруваа 46 од нив, односно се „собраа четириесет и шест крвни единици“.
Голема благодарност до сите нив од организаторите на акцијата, како и од Црвениот крст на Р.Македонија кои не го криеја задоволството од успешно реализираната акција!
>