Денес во светот и кај нас се одбележа Светскиот ден на храната. Едукативна работилница ,,Во здраво тело -здрав дух“, во организација на Советот на јавно здравје ,од општина Велес под водство на Д-р Ненад Коциќ ,а во присиство на ученици од VI-IX одделение при ООУ,,Блаже Конески “ беше првата активност .За учениците од пониските одделенија одд.наставник Маја Стојановска подготви пригодна презентација со која ги запозна учениците со важноста од здравата и навремена исхрана на учениците за да имаат детство без мана .порачувајќи дека секој ден треба да се внимава што ќе се јаде ,а не само денес на овој ден .
>