Нашите ученици, Ана, Викторија и Андреј од VIII-1 одделение го освоија високото второ место на Меѓународната ликовна работилница организирана по 25 пат од ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес. На Меѓународната ликовна работилница, која се одржа на 2.12.2021 година во просториите на ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес, по повод одбележување на 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учествуваа околу 30 училишта меѓу кои и учесници од Србија, Грција, Турција и Италија. На работилница учениците цртаа на керамика и создаваа уметнички дела со мотиви од нашето богато културно творештво. На Ана, Викторија и Андреј им посакуваме уште многу вредни уметнички творби и успеси во иднина.
>