Првонаградени ученици – 100 годишнина од раѓањето на Блаже Конески

Министерката за образование и наука Мила Царовска , денеска во Клубот на пратеници ги додели наградите на првонаградените ученици на конкурсот што МОН го распиша по повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Честитајќи им на победниците, но и на сите останати учесници на конкурсот, Царовска рече дека преку поднесените творби, учениците докажале дека имаат доволно податоци и знаења за животот на Конески, за неговите дела, а оние од погорните одделение знаат и тоа дека учествувал во стандардизирањето на македонскиот јазик и ги изработил граматиката и правописот на македонскиот литературен јазик. „Учениците знаат каков и колкав е придонесот на Конески во развојот на македонската култура, литература, традиција, наука и воопшто неговиот придонес кон градењето на националниот идентитет“, рече Царовска. Посебно сме горди на ученичката Ива Ѓеоргиева од IV-4 одд со ментори Светлана Бобевска и Донка Павлова која ја освои првата награда на конкурост во својата категорија за ликовна творба на тема „Буквите низ цртеж“. Честитки и понатамошни успеси!

>