Во организација Локалната библиотека „Гоце Делчев“-Велес како прва активност на проектот „Од книгата научив“ на 27.9.2021г. реализираше литературна работилница во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ на тема „Раскази од велешки писатели“ со ученици од основните училишта од градот.
На работилниците учениците презентираа различни раскази од членовите на Клубот кои пишуваа за деца: Лили Арсова, Соња Гаврилова и Наташа Б. Богоевска.
Учениците од ООУ „Блаже Конески“-Велес: Ања Трајковска, Снежана Митровска, Бојана Најдовска и Матеја Николова го презентираа расказот „Вистинско пријателство“ кој е дел од збирката раскази „Детските солзи кога течат“ од писателката Соња Гаврилова.
Потоа учениците со својот ментор Костадинка Атанасова можеа да ги разгледаат насловите од Детскиот оддел што ги нуди Библиотеката, а не се лектирни изданија. Библиотекарите во Одделот за возрасни им објаснија како функционира зајмувањето книги.
Преку активностите на учениците се реализираа следниве цели: афирмација на делата на велешките автори кои пишуваат за деца; поттикнување на љубопитноста за читање на дискутираните дела; стекнување навика за читање книги и посета на Библиотеката; стекнување самодоверба за искажување свое мислење и почитување на туѓото.
>