На 14.6. 2021 година ООУ„Блаже Конески“ Велес испрати уште една прекрасна генерација ученици кои своето основно образование го започнаа во учебната 2011/2012 година. Ученици, кои од мали и исплашени деца пораснаа во самостојни и одговорни личности подготвени да се справат со предизвиците кои ги очекуваат, подготвени да го продолжат патот кој го избрале, да се надградуваат и да се усовршуваат. Тие заминуваат, но Училиштето ги чува нивните тајни, симпатии, спомени…. Денес, во училишниот двор, следејќи ги насоките за заштита од коронавирусот се одржа свеченото доделување на свидетелствата за завршено деветто одделение. По тој повод директорот Јованче Манасков, евоцирајќи спомени од деветгодишното образование и воспитување на учениците во ова училиште, во име на ООУ„Блаже Конески“ им посака здравје, среќа и успеси во животот.
>