Фондацијата „Д- р Михаил Левенски“ за полуматурантите од нашето училиште донираше книги

Фондацијата „ Д–р Михаил Левенски“ од Скопје донираше 150 примероци од книгата „Како да станам свој“. Книгите се донација за учениците кои завршуваат деветто одделение и за Училишната библиотека.

Фонадацијата претставена од Камелија Левенска, Драгана Левенска и Никола Левенски, претседател на Фондацијата оставарија средба со директорот на нашето училиште, стручната служба и наставниците. Целта на средбата беше донација на книги за деветтоодделенците. За време на средбата, Камелија Левенска изрази надеж дека овој дар за полуматурантите, оваа книга ќе стане еден од нивните најдобри пријатели со којшто полесно, посигурно и погордо ќе се пробиваат по патот на себеосознавањето и себеизградувањето.

Фонадацијата ја реализира оваа донација, согласно начелата за делување, а во чест на одбележување на 100 – годишнината од раѓањето на нашиот патрон – Блаже Конески.

Изразуваме Благодарност до Фонадацијата „Д–р Михаил Левенски“ затоа што ги забележа заложбите на нашите вработени на чело со директорот Јованче Манасков, за едукација и градење здрава младина којашто понатаму ќе инспирира, мотивира и создава, негувајќи го литературниот македонски јазик и продолжувајќи го името и делото на нашиот патрон – Блаже Конески.

>