Нашата ученичка АНА БОШКОВА меѓу најдобрите на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО – 2021)

Најталентираната ученичка во основоно образование во општина Велес, нашата Ана Бошкова од IX – 3 одделение повторно го потврди својот талент и на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО – 2021), го освои бронзениот медал под менторство на нашата колешка Лидија Грбева, наставник по математика.

Таа е сестрана ученичка, која вредно учи и вложува во своето знаење, ги надградува и проширува своите капацитети и потенцијали преку континуирана интеракција со одделенскиот раководител Маја Гелев и сите наставници кои и предаваат. Таа е голем афирматор на нашето училиште во градот и надвор од него.

На Ана и на менторката им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме да имаат уште многу успеси и достигнувања на сите полиња.  

>