ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИНДИВИДУАЛНО – КОНСУЛТАТИВНИ СРЕДБИ

Ученици и родители,

Ве известуваме дека во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ – Велес ќе се реализираат индивидуално-консултативни средби со физичко присуство на ученици кои следат настава на далечина со цел следење на постигањата и утврдување на оценката на учениците за крајот на учебната 2020/2021 година, а во согласност со Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на настава преку учење на далечина и Планот за реализација на настава во основните училишта во учебната 2020/2021 година донесени од МОН.

Наставникот одлучува со кој ученик има потреба да реализира индивидуално-консултативна средба, потребата за средба ја пријавува во стручната служба, а службата изготвува распоред за реализација на средбата.

>