Еколошко друштво Вила Зора на 8 Мај 2021 во 11.00 h во големиот Градски парк организираше велосипедски крос под мотото ,,Возењето велосипед е брзо и здраво“. Со оглед на ковид ситуацијата, за да може да се запазат сите ковид протоколи од нашето училиште „Блаже Конески“ беа испратени 6 ученици со велосипеди од генерацијата на петто одделение и исто толку ученици од осмо и девето одделение од предметна настава. На учениците учесници им беа поделени капи, маички, маски и освежување за време на кросот.
>