Подготвени ја пречекавме и АПРИЛИЈАДАТА

Одбележувањето на Денот на шегата традиционално секоја година се реализира во нашето училиште. Оваа година во поинакви околности, пред се со почитување на мерките за безбедност во пријатна и ведра атмосфера  повторно донесе многу радост и задоволство. 

Учество во оваа активност земаа учениците од првите одделенија под менторство на своите наставници и секако во соработка и договор со родителите, кои заедно со  своите ученици изработија  интересни маски. Креативноста дојде до израз  преку  изведување на прошетка низ училишниот двор и дефиле на спортското игралиште. 

Децата заслужуваат секојдневие исполнето со насмевки и радост. Денешниот ден беше еден од оние кои ќе го паметат. Силно веруваме дека оваа ситуација наскоро ќе биде минато и ќе продолжиме да созадаваме убави спомени и успеси на кој ќе бидеме горди и со радост ќе ги споделуваме.

>