Ученици и родители,
Ве известуваме дека во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ – Велес ќе се реализираат индивидуално-консултативни средби со физичко присуство на ученици кои следат настава на далечина со цел следење на постигањата и утврдување на оценката на учениците за третиот класификационен период во учебната 2020/2021 година, а во согласност со Упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во периодот на реализација на настава преку учење на далечина и Планот за реализација на настава во основните училишта во учебната 2020/2021 година донесени од МОН.
Наставникот одлучува со кој ученик има потреба да реализира индивидуално-консултативна средба, потреба за средбата ја пријавува во стручната служба, а службата изготвува распоред за реализација на средбата.
Распоред за одржување на индивидуално-консултативни средби за третиот класификационен период во учебната 2020/2021 година.
Група | Одделение | Датум | Време |
1 група | VI | 1.4.2021 год. (четврток) | 11:20 – 11:50 |
2 група | VI | 1.4.2021 год. (четврток) | 11:55 – 12:25 |
3 група | VII | 1.4.2021 год. (четврток) | 09:55 – 10:25 |
4 група | VII | 1.4.2021 год. (четврток) | 10:30 – 11:00 |
5 група | VII | 1.4.2021 год. (четврток) | 11:05 – 11:35 |
6 група | VII | 2.4.2021 год. (петок) | 10:30 – 11:00 |
7 група | VII | 2.4.2021 год. (петок) | 11:05 – 11:35 |
8 група | IX | 31.3.2021 год. (среда) | 10:30 – 11:00 |
9 група | IX | 31.3.2021 год. (среда) | 11:05 – 11:35 |
НАПОМЕНА: Учениците од групите кои се повикани на индивидуално-консултативна средба ќе бидат известени за средбата, датумот, времето и местото на реализација преку предметниот наставник.
Стручна служба при ООУ „Блаже Конески“ – Велес
>