ООУ„Блаже Конески“ извор на таленти – Александар Пановски

ООУ „Блаже Конески“ – Велес, е извор на талентирани ученици. Нашите ученици успешно го претставуваат училиштето како на државно така и на меѓународно ниво и на нив сме посебно горди.

Но, овој пат сме горди на еден ученик кој надвор од наставата, целото свое слободно време го поминува вежбајќи на својата армоника. Има само 14 години, а веќе е врвен армоникаш.

Се работи за ученикот Александар Пановски кој го живее својот најубав сон, “Александровиот сон“, негов прв проект во кој не заборави да ги вклучи своите соученици ниту своето училиште.

Како што вели маестро Војче Петрушев (неговиот учител), ваков талент ретко се раѓа. 

Александар Пановски пак скромен, во своето прво интервју вели:

“Колку убав ден, волшебен. Чест и огромно задоволство ми е со вас драги мои пријатели да го споделам мојот прв проект ,,АЛЕКСАНДРОВ СОН”. Тука сакам да им се заблагодарам на моите родители кои ми овозможија да го живеам мојот сон, исто така огромно благодарам до мојот учител маестро Војче Петрушев за прекрасното оро и голема благодарност до луѓето што се дел од овој проект: Илија Филиповски, Трајче Ристов, Алек Тасевски, XL студио Момироски, Јованче Манасков и моите соученици.”

Во продолжение дел резултатот на неговата макотрпна работа…

>