
Активностите по повод Денот на Училиштето ќе се финализираат со реализација на традиционалната КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА на 24.12.2020 година (четврток) од 10 до 14 часот во Ликовниот салон, во која освен вработените во Училиштето, учество ќе можат да земат и родители и други заинтересирани граѓани.
Сите вработени, родители и останати заинтересирани, уште еднаш, како и многу пати досега, преку своето масовно учество, ќе ја докажат својата хуманост, ќе даруваат крв, ќе спасат човечки животи, особено во време на пандемија со коронавирусот.
