МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ООУ „Блаже Конески“ се одбележа со интерактивно предавање на специјалниoт едукатор и рехабилитатор во училиштето со учениците од IV и V одделение. Во предавањето се зборуваше за лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, запознавање со македонскиот знаковниот јазик (https://znakoven.mk/), брајовата азбука и асистивната технологија во улога на одржувење или подобрување на функционирањето и независноста на поединецот со цел негова инклузијата и рамноправно учество во сите облици на општествено живеење (Smart Braille македонска Android апликација и Lookout гласовна Google апликација за слепи лица).

>