На ден 31.3.2018 год. (сабота) во просториите на нашето училиште се одржа Регионален натпревар по математика. Во него зедоа учество вкупно 152 ученици од регионот, меѓу кои и ученици од четврто до деветто одделение од нашето училиште кои обезбедија пласман на општинскиот натпревар. Ученици кои освоија награди од нашето училиште се следните:
| Име и презиме на ученикот | Одд. | Име и презиме на ментор | Награда |
| Снежана Митровска | 4 | Софијанка Слабева / Јована Дебарлиева | Прва |
| Стефан Таневски | 4 | Андријана Јорданова / Велика Милошевска | Втора |
| Панче Крстев | 4 | Јасна Трајковска / Маја Пасковска | Трета |
| Тодор Пљаков | 5 | Трајанка Карбева | Трета |
| Ива Гргиќ | 5 | Ката Ѓорѓиева | Пофалница |
| Матеј Гелев | 7 | Соња Стумбова | Прва |
| Меги Бочварова | 7 | Соња Стумбова | Втора |
| Христина Демерџиева | 7 | Соња Стумбова | Трета |
| Василка Југова | 8 | Тања Инѓилизова | Трета |
| Вероника Гијовска | 9 | Љупчо Николовски | Трета |
| Филип Јованов | 9 | Љупчо Николовски | Трета |
На ден 31.3.2018 год. (сабота) ученикот Матеј Гелев од седмо одделение под менторство на професор по Математика Соња Стумбова се натпреваруваше во областа Применета математика на Регионалниот натпревар по Народна техника и обезбеди пласман за државниот натпревар кој ќе се одржи на 15.4.2018 год. ( недела ).
На сите ученици кои ќе продолжат на Државниот натпревар по Математика и Применета математика им посакуваме успех и награди.
>