
Во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за клубови на младите техничари и природници на Македонија, а со поддршка на Министерството за обазование и наука на 15.4.2018 год. во ООУ „Блаже Конески“ се одржа 55. Државен натпревар по Народна техника.
Ова е значајна манифестација за младите луѓе бидејќи им овозможува да влезат во светот на техниката и науката. Директорот на училиштето Јованче Манасков, ги поздрави присутните и им посака многу среќа на учесниците со цел да победи најдобриот.
Натпреварите поминаа во најдобар ред а од нашето училиште со награди се здобија следните ученици:
- Љупче Ингилизов, сребро од областа на екологијата
- Матеј Гелев, сребро од областа на применета математика и
- Димитар Коцев, сребро од областа на бродомоделарство.
Се надеваме дека ја оправдавме довербата ова училиште да биде домаќин на еден ваков голем настан.
>