На покана од наставниците по Македонски јазик во ООУ ,,Блазе Конески”, минатогодишните деветтооделенци присуствуваа на заедничка средба со сегашните ученици од шесто одд. во училницата по Македонски јазик.
Повод претставуваше проследувањето на снимката од првата театарска претстава ,, Бегалка” од проектот ,, Осовременување на наставата по македонски јазик” во изведба на овие наши некогашни ученици.
Овој проект започна по нивна иницијатива со цел од влезниците да се соберат средства за набавка на помагала.
Беа изведени уште две претстави ,,Чорбаџи Теодос” од учениците од седмо и ,, Хајди” од ученици од шесто одд.
Од собраните парични средства се купија печатач, лаптоп, книги за училишната библиотека и телевизор.
Овој проект беше успешно реализиран со голема помош од Советот на родители и од членовите на Училишниот одбор.
Во знак на благодарност за иницијативата на нашите поранешни ученици, сегашните шестоодделенци им подарија рачно изработени честитки со кои им посакаа Среќна и успешна Нова 2020 год.
>