Учениците од ООУ,,Блаже Конески“ ја заокружија оваа година со уште еден успешен и значаен новогодишен настан.
На 27.12. 2019 во просториите на Нациналната Филхармонија се одржа свечениот настан промоција и публикација на книгата ,,Моето патување во фантазијата“ на кој што 8 ученици од Велес кои учествуваа на конкурсот распишан од Владата на Република Северна Македонија за учениците од II, III и IV одд. имаа чест нивните лични творби, песнички и раскази, да патуваат на страниците од оваа детска книга. Од ООУ,,Блаже Конески,, 7 ученици: Јована Алчева, Елена Кузманова,Никола Камењаров, Никола Тодоров, Слободан Богданоски, Љубе Лазов, Михаил Здравковски и нивните ментори беа дел ода оваа свеченост.
Поздравно обраќање на учениците, родителите, наставниците, директорите и останати присутни имаше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој истакна дека само децата со љубовта кон книгата и пишаниот збор ќе ги спасат јунаците од книгите од исчезнување.
Секој ученик се доби со книга со лична посвета од Премиерот и пригодни новогодишни пакетчиња и подароци.
Среќни деца, многу насмевки и задоволни лица со мотивација и следната година да бидат дел од светот на фантазијата со свои нови лични творби.
>