ИЗВЕСТУВАЊЕ за новата учебна 2019-2020 година

Почитувани родители, драги наши ученици при ООУ „Блаже Конески“-Велес Ве известуваме дека учебната 2019/2020 година започнува на 2.9.2019г. (понеделник). Наставата за сите ученици од II до IV одделение започнува во 7:30 часот (нема да има храна и престој).

Нашите најмали и најнови ученичиња, нашите Првачиња во 8 часот заедно со своите родители треба да бидат во поливалентниот простор на Училиштето кадешто ќе бидат топло пречекани од нивините наставнички и свечено примени од нивните поголеми другарчиња кои им подготвија забавна програма за успешно ДОБРЕДОЈДЕ.

Учениците од II одделение ќе бидат пречекани од нивните наставници во 7:30 часот кај влезот на првооделенците од кадешто ќе бидат однесени во својата училница.

Учениците од VI одделение од нивните класни раководители ќе бидат пречекани во 7:30 часот во холот на главниот влез на Училиштето и заедно со нив ќе заминат во нивниот кабинет.

За учениците од V до IX одделение наставата започнува со следниов распоред:

-со Прва смена започнуваат учениците од V1,  V5,VI и VIII одделение.

-со Втора смена започнуваат учениците од V2, V3, V4, VII и IX одделение во 13 часот.

На сите ученици им посакуваме успешен почеток на новата учебна година, стекнување нови знаења и вештини, развивање на личните потенцијали и капацитети, раѓање на нови пријателства, меѓусебно прифаќање, разбирање и почитување !!!

 * Доколку на 2.9.2019г. (понеделник) не се смени одлуката на СОНК за планираниот еднодневен предупредувачки штрајк од страна на вработените, свечената програма за прием на првачиња ќе биде наредниот ден со истата динамика.>