По повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј на ден 23.05.2019 год. во општина Велес, ученикот Матеј Гелев од осмо одделение од нашето училиште беше избран за најталентиран ученик од основно образование за учебната 2018/19 година. Ученикот Матеј Гелев секогаш е чекор напред во своите знаења и тоа вродува со плод на натпреварите по повеќе предмети – математика,природни науки, биологија, физика, астрономија.На овие натпревари кои се од регионален и државен карактер тој не е само учесник, туку и добитник на многу награди и медаљи. Посебно ни е гордост да ги издвоиме златната медаља на натпреварот „ Финален натпревар – Кенгур 2018“, како и бронзената медаља освоена на ЈММО (Јуниорска Mакедонска Mатематичка Oлимпијда) во 2018 година каде со своите 12 години се натпреваруше во категорија на ученици до 15,5 години. Дека тој продолжува да чекори по патот на успехот е и освоениот сребрен медаљ на ЈММО 2019 (Јуниорска Mакедонска Mатематичка Oлимпијда), која се одржа на ден 26.05.2019 година во просториите на машинскиот факултет во Скопје. Му посакуваме на Матеј уште многу награди и успеси во понатамошното школување, горди сме што тој е ученик во нашето училиште.
>