На 16.5.2019 год. (четврток), се одржа третата, а воедно и последна активност од планираните МИМО активности од Проектот „ Училишта во партнерство“, во подршка на МЦГО. Нашите ученици заедно со учениците од партнер училиштето ОУ„ Рајко Жинзифов“ – Оризари го одбележаа 16 Мај, Меѓународниот ден на светлината. Преку низа активности претходно заеднички планирани, реализирајќи ги истите ја остваривме планираната цел. Го развивавме пријателството, го споделувавме знаењето и изработивме пано со кое ја збогативме иконографијата во нашето училиште. Проектот го реализираа ученици од предметна настава со менторство на наставниците по математика и членовите на МИМО тимовите од двете училишта.
>