Самоуверени, одговорни, подобро организирани, самостојни и подготвени за светот на возрасните, истовремено ценејќи ги љубовта и почитта кон семејството и родителите благодарение на некои задолженија кои децата од најрана возраст ги прават дома, се само некои од идеите со кои нашите три ученички ги освоија симпатиите на испитната комисија на предизвикот за пишување на есеи. Во конкуренција од околу шеесетина есеи од целата држава за основци и средношколци, во категоријата за ученици од 7-9 одделение тие решија првите три места да ги доделат на најкреативните и најоригиналните идеи за есеј на тема :
“Многу родители им даваат на своите деца определени задолженија или задачи што треба да ги направат дома. Дали децата треба да прават некои задолженија или задачи дома? Објаснете зошто мислите дека е добра идеја или лоша идеја. “
“Many parents give their children certain chores or tasks to do at home. Should children do some chores or tasks at home? Explain why you think it’s a good idea or a bad idea.”
Теа Димовска IX1 – 1 место
Ивана Кочова IX1 – 2 место
Ели Панова IX1 – 3 место
Ученици кои исто така учествуваа на конкурсот и добија сертификати за успешно учество се:
– Матеј Жаров IX2
– Јана Чокова IX2
– Милена Димова VII3
– Елена Шопова VII3
Наградите и сертификатите беа доделени на свечена церемонија во Канцеларијата на Мировниот Корпус во Скопје на 8 Мај во присуство на многу претставници од Мировниот корпус, Американската Амбасада, родители и наставници-ментори.
Честитки за сите учесници и наградени ученици.
8.5.2019
Предметен наставник
Даниела Димовска –Англиски јазик
>