“The World Scholar’s Cup”(Светски Ученички Куп)
Рунда во Скопје – 23 и 24 Април, 2019 година
Светскиот ученички куп е сеопфатен , интердисциплинарен, охрабрувачки, современ, тимски ориентиран, оригинален и базиран на дискусија натпревар. Основан во 2007 година, Купот поврзува над 20 000 ученици во околу 50 држави со цел да инспирираат кај младите љубов кон учењето,стекнување нови вештини и чувство дека се граѓани на светот.
На покана на ПСУ “ Јахја Кемал” од Скопје, 10 тима на ученици од 7 и 9 одделение под менторство на предметниот наставник по англиски јазик Даниела Димовска земаа учество на натпреварот и тоа:
4 тима јуниори (7 одделение)
6 тима сениори (9 одделение)
1 Ангел Богоевски Сара Манева Ангела Глушкова
2 Василка Карталова Емил Кочов Ива Бузалкова
3 Огнен Шопов Теодора Стојанова Димитар Трајчевски
4 Лука Арсовски Ангелина Босилкова Симон Николов
5 Лука Мидоски Никола Северов Александра Пешова
6 Антонио Донев Ели Панова Теа Димовска
7 Божанка Велкова Елена Анастасова Јана Чокова
8 Мартина Тодорова Мими Јовева Теона Амбаркова
9 Бојана Тодоровска Елена Карова Љиљана Мишева
10 Василка Југова Матеа Ѓоргоска Ана Марија Кукулева
Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини како : дебата, пишување есеи, ученички предизвик и ученички купво следните области:
Историја – Занемарена историја,
Литература- Гласови од маргините,
Наука – Технологии,
Специјална област – Нерешени мистерии,
Социјални науки –На работ на општеството,
Уметност и Музика- Погласно од зборовите.
Од вкупно 30 ученика освоивме околу 35 златни, 50 сребрени медаљи и околу 11 тимски златни и сребрени медаљи. Повеќе тимови обезбедија директно учество и официјална покана за Глобалната рунда во неколку големи светски градови.
Најдобар учесник на натпреварот од нашето училиште беше ученикот Ангел Богоевски одVII-3одделение со 8 златни, 3 сребрении 2 тимски медаљи.
Честитки за сите ученици за одличниот успех и постигнати резултати.
24.04.2019
Предметен наставник
Даниела Димовска
>