Светски онлајн проект “Иновација на вашите соништа”

 Целта на проектот е да им помогне на учениците да разберат и да се подготват за интересите на иднината. Проектот промовира три од 17-те цели за одржлив развој на Обединетите нации (СДГ на ОН, исто така наречени Агенда 2030 (Квалитетно образование, достапна и чиста енергија, индустрија, иновации и инфраструктура). Се применуваа PBL, STEM и SGD учење. Проектните активности траeja седум недели, а особено ги истакнаa следните компетенции на учениците – комуникација, соработка, критичко размислување и решавање на проблеми, креативност и иновации, дигитални компетенции.Во овој проект учествуваа наставници од целиот свет, околу 60 земји, 1.700 наставници и 100.000 ученици. Од нашето училиште учествуваа учениците од V-5 одд. со одделенскиот раководител Светлана Бобевска и Бранкица Шоптрајанова –наставник по англиски јазик. Пристигнатите заслужени сертификати ги додели директорот Јованче Манасков.

 

>