Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром

По повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, 21 Март, во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“, одделенската наставничка Маја Пасковска и дефектологот Јорданов Марија организираа работилница за учениците од IV4 одд. Преку видео и слики учениците се запознаасо причината за појава на овој синдром, со надворешните карактеристиките на децата со Даунов синдром, како и со можностите, способностите и потенцијалите што овие деца ги имаат. Низ разговор и дискусија учениците потврдија каков треба да биде нашиот однос кон деца со Даунов синдром, како и кон сите деца со посебни потреби. Тиеактивно слушаа,имаа многу прашања за овие деца, но и самостојно и јасно искажаа дека љубовта, почитувањето, прифаќањето и помошта се единствен начин на заедно живеење во овој свет на различности. Цел на работилницата беше изработка на плакета од разнобојни чорапчиња, што е заштитно лого на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, а го означуваат хромозомот плус кој овие лица го имаат. Спектарот од различни бои на секое чорапче и различните чорапчиња формираа една убава шарена целина која само потврдува дека иакосекој од нас е посебен и различен и има различни способности и потреби сите заедно сме дел од една целина.

>