ONLINE СОВЕТИ ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ONLINE СОВЕТИ ВО ООУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

Согласно препораките од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ООУ „Блаже Конески“ на 8 и 9 април 2020 година ги одржа Одделенските совети за сите генерации, а на 10 април 2020 година се одржа и Наставнички совет.

Советите се одржаа online преку видео – конференциски сервис ZOOM со цел да се утврди успехот, редовноста и поведението на учениците во третиот класификационен период за учебната 2019/2020 година.

Оценките на учениците се формирани врз основа на постигнатиот успех кои учениците го имаа во текот на првото полугодие во редовната настава до 10 март 2020г., како и оценките и согледувањата на наставникот во текот на реализацијата на online наставата.

Потврдените оценки на учениците за третиот класификационен период ќе бидат внесени во Е-дневникот и во Евидентните листи.

Родителите веќе од 13.04.2020г., во текот на наредната недела од страна на одделенските раководители ќе бидат известени за успехот на своите деца, а Евидентните листови ќе им бидат доставени по електронски пат најдоцна до 16.04.2020г.

Целиот наставен кадар при ООУ „Блаже Конески“ – Велес порачува:

Останете дома, здравјето е заедничка одговорност!

 Директор

Јованче Манасков