Asocijacija najboljih nastavnika EY YU Best Teacher_EX YU – 2019

Од 29 мај до 2 јуни ,2019 год. на Втората меѓународна конференција за најдобри наставници на бивша Југославија која се одржа во Будва –Црна Гора под мотото „Светот на образованието ги брише границите“ претставник од нашето училиште беше Светлана Бобевска –одделенски наставник. На конференцијата беа присутни најдобрите наставници од сите ЕХ-ЈУ држави кои ги разменија своите искуства и идеи, примери на добра пракса, проблемите на образованието во сите држави и даваа предлози и идеи како би се надминале истите. Покровител на конференцијата беше Министерството за образование на Црна гора и градоначалникот на општина Будва. Да се биде меѓу најдобрите е особена чест и предизвик за нови идеи и успеси -Нови идеи во новото време на 21 век- истакна одделенскиот наставник Светлана Бобевска.