Отворен нагледен час по математика

На ден 22.4.2021 год. се реализираше отворен час со директно вклучување преку камера на Teams и следење од советничката Весна Наумов од БРО на Република Северна Македонија. Со физичко присуство и со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 се реализираше наставен час по математика во трето одделение со содржина „Активности за проверка на знаењата за мерни единици и пари“ под менторство на наставникот Светлана Бобевска . Учениците во весела и разиграна стимулативна средина учествуваа и ги извршуваа квиз активностите со голем интерес. При проверката се самооценуваа – начин кој развива кај учениците самокритичност, одговорност и самодоверба.Стекнатите знаења ги применуваа низ решавање на проблемски ситуации од животот. Задоволството беше големо кога се слушнаа пофалните зборови за активностите на часот. Советничката кажа пофални зборови за успешните активности на учениците во училница и за време на пандемија. Докажавме дека и за време на пандемија може успешно да се изведува наставата.