15 Октомври –Светски ден на пешачењето

,,Оставете ги своите автомобили и моторцикли и придружете ни се“ .Со оваа порака дeнес нашите ученици   го обележаа- 15 Октомври –Светски  ден на пешачењето.И оваа година беше денот масовно обелеажан од страна на сите ученици од I до V одд  , “,Околу  500 ученици  се упатија од училиштето преку Младински и Градски парк ,се до Градскиот стадион , каде изодија неколку круга во знак на обележување на овој ден . Учениците со својата активностпокажаа дека од мали нозе се грижат за своето здравје и порачаа:Пешачете често за да бидете подолго млади,здрави  и среќни!!