Посета на АД ,,Благој Ѓорев“ – IV одделение

АД „Благој Ѓорев“-  ги отвори вратите за  учениците  од  IV одделение при нашето училиште.

Сите учениците од IV одделение  ја посетија фабриката за масло ,,Благој Ѓорев“ и добија можност одблиску да се запознаат со работењето на ова претпријатие, како и да ги дегустират нивните производи. Со работењето на претпријатието и производните линии ги запозна директорката  за развој г-ѓа Анита Чакарова и г-ца Олгицa  Стојанова, инженер во производство. Учениците имааа прилика да поставуваат прашања  на вработените  за начинот на добивање на вкусната таан алва, локум, желе бомбони, маргарин, масло ,,Кристал“ и многу други кондиторски производи кои се пакуваат во ова претпријатие. На крајот на посетата добија пригодни подароци (пакетче производи ). Посетата беше во рамките на Годишната програма за работа, како дел од ,,Програмата за организирани излети, посети и истражувања“.

Јавна  благодарност до ПИ,,благој Ѓорев“ – АД за топиот прием и укажаната можност бидејќи во поново време фирмите беа затоворени за посета од разни причини.