Првата регионална образовна конференција – „Светот на образованието ги брише границите“

                        На  1 и 2 март 2019 година имав чест да присуствувам на Првата регионална образовна конференција   (Prva_EX_YU_Obrazovna_Konferencija #BestTeacher_EX_YU) – „Светот на образование то ги брише границите“ под мотото ,,Една книга, еден милив, едно дете и еден наставник можат да го променат светот!” на која домаќин беше нашата држава.

На конференцијата беа присутни најдобрите наставници од  Ex Yu државите: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, како и заменик министерот за образование Петар Атанасов, почитуваните амбасадори на асоцијацијата, Проф Д- р Кирил Барбареев, Проф Д – р  Сузана Киранџиска и Ксенија Маказлиева – Трајчева. Беше чест да бидеш дел од оваа манифестација и со Жељана Радојичиќ Лукиќ која испрати порака:

“За  плодовите на работата на најдобрите наставници во регионот, јавноста тек ќе слушне, затоа што се она што они планираат заслужува големо внимание и подршка на јавноста. На просторот на бивша Југославија овие наставници се одлучни  да со своите ученици на овие простори градат еден подобар свет, свет на почитување на различности.”