100 години од раѓањето на големиот деец Блаже Конески

На покана  од градоначалникот Златко Марин на  општина Аеродром -Скопје во соработка со Фондацијата „Блаже Конески“ на 11.6.2021 год. се одржа централна манифестација под мотото „Ние за Блаже Конески“  во паркот „Јане Сандански“ во која учествуваа  четири истоимени училишта   од Општина Аеородром – Скопје, Велес, Ростуше  и Прилеп. На манифестацијата беа присутни високи претставници од Фондацијата Блаже Конески, градоначалници – претседатели на совети на општините, директори на основните училишта,наставници и ученици  од истоименте училишта.

На настанот беше чествувано значењето и дејноста  на големиот деец Блаже Конески, а учениците се претставија со свои лични творби.

Од нашето училиште присуствуваа директорот  Јованче Манасков, ученичките од  III-4 одд. Ива Ѓеоргиева – прво наградена за ликовна творба во категорија „Буквите низ цртеж“ и лична творба  насловена „За големиот великан“ на конкурсот од МОН, Јована Дојчиновска и Бојана Ангелов  со креативно изработени букви од нашата азбука  и нивните ментори Светлана Бобевска и Донка Павлова. Учениците од нашето училиште на претседателот на Советот на општина Аеродром му  подарија креативно изработена  буква од македонската азбука која ќе го краси  холот на нивната општина а тие  искажаа голема благодарност до гостите.

Во чест на великанот Фондацијата „Блаже Конески“ додели книги на сите ученици и присутни учесници.

Искажуваме  голема благодарност за прекрасната манифестација и топлото гостопримство.

Песната со која се претстави нашата ученичка Ива Ѓеоргиева

           За  големиот великан

Неговите дела секој треба да ги знае,

sвезда е, што на поетското небо најсилно сјае,

за се што за нашиот , македонски јазик тој стори,

почит и благодарност како пламен, во секој од нас гори.

По сто години од кога се роди му се поклонуваме,

со буквите од нашата азбука,  име му испишуваме.

За македонската граматика и литература.

Блаже Конески секогаш ќе биде најзначајна фигура!