‎Светлана Бобевска‎ до Средби под јаворите – Видое Подгорец

Одделенскиот наставник Светлана Бобевска и оваа година меѓу наградените на Манифестацијата „Средби под Јаворите“ со Видое Подгорец.

Во чест на Видое Подгорец секоја година се организира манифестацијата „Средби под јаворите“. Честитки за организаторите на манифестацијата „Средба под јаворите“ – Видое Подгорец и ПРОСВЕТНО ДЕЛО со Ксенија Маказлиева Трајчева.
Кога работиш со посветеност и самопрегорна работа оставаш траги за генерациите што доаѓаат. Кога наставникот дава мотивација, инспирација и љубов кон пишаниот збор, тогаш целта е постигната. Јас како долгогодишен наставник еве неколку години со моите ученици учествувам во манифестацијата “Средби под јаворите” и постојано ги мотивирам учениците да се дружат со делата на Видое Подгорец.
Минатата година се закитив со трета награда и плакета за снимен час на тема „На час со Видое Подгорец “ на кој учениците имаа за цел да го запознаат ликот и делото на Видое Подгорец, да ја развиваат љубовта кон пишаниот збор и желбата за творење.
И оваа година учествувавме со моите мали ученици на распишаниот конкурс. Моите ученици напишаа лични творби, а јас го подготвив мојот Книжевен албум.
Ви благодарам за ПОСЕБНОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОСОБЕНО ИНСПИРАТИВЕН ПРИСТАП на тема „Нашиот книжевен албум“.

Драго ми е што и оваа година сум дел од наградените. Инспирирана од делото на Видое Подгорец го изработив мојот книжевен албум – Весела азбука кој ќе ве води низ волшебниот свет на буквите, а го посветив на најмалите и се надевам дека ќе најде практична примена на часовите кај првачињата.
Честитки до сите наградени и до година да се сретнеме во родното место на Видое Подгорец.
Бидете поздравени и останете во добро здравје!