“Фудбал во училиште“ – ФУДБАЛ СЕГА, ФУДБАЛ НАСЕКАДЕ

Во рамките на проектот на Фудбалска федерација на Македонија, а во соработка со Сојуз на училишен спорт на Македонија – “Фудбал во училиште“ на 27.9.2019год. (петок)во спортската сала на ООУ “Блаже Конески“ во Велес се одиграа натпревари од првото коло за учениците од второ и трето одделение представени преку екипите на “Супер херои“, “Супер ѕвездички“, “Ѕвездички“ и “Пингвини“. Училишен координатор на натпреварите наставник по ФЗО Снежана Балова.

Исто така во рамките на третата фаза од проектот на Фудбалска федерација на Македонија, а во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија – “Фудбал во училиште“ на 27.9.2019 год. (петок) во спортската сала на ООУ “Блаже Конески“ во Велес се одиграа и натпреварите од првото коло за учениците од четврто и петто одделени представени преку екипите “Гемиџии“, “Блаже Конески“,“Асови,“ “Палавковци“.