Финалисти на Државниот рецитаторски натпревар

На 28.12.2019 год. на Филолошкиот факултет ,, Блаже Конески ” во Скопје се одржа Државниот натпревар на млади рецитатори за основно и средно образование во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература.

Од 59 пријавени учесници од голем број училишта учениците Лука Панов и Јаков Ѓоргоски од шесто одд. влегоа во финалето меѓу 10 најдобри по успешно завршените два елиминациски круга.

Во финалниот избор, Лука Панов го освои второто место а ученикот Јаков Ѓоргоски 7 место.

Се гордееме со успехот на нашите ученици!