Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2019“

Свечена манифестација на проектот – Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2019“

На 22 мај (среда) во рамките на одбележување на 24 мај Денот на македонските просветители светите Кирил и Методиј, со почеток во 18.00 часот се одржа свечена манифестација на проектот – Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2019“ во КИЦ – Скопје. На сите застапени автори во ЗБИРКАТА со поетски творби за деца им беа врачени ПРИЗНАНИЈА за учество и афирмација на поезијата за деца, за нивната подршка во реализација на овој проект и подарок –примерок од книгата. Меѓу застапените автори е и Светлана Бобевска со своја песна во стихозбирката.